На конференцијата ќе учествуваат претседатели и судии на уставни судови, претставници на меѓународни организации и правни експерти. Трите сесии ќе ги разгледуваат довербата во уставните судови, предизвиците на дигиталната ера и заштитата на уставните права.
Во рамките на Форумот е предвидено да се разгледа и усвои заеднички документ за јакнење на довербата во уставните судови. Тој ќе се однесува на нивната независност, транспарентност и ефикасност, како и на достапноста на уставната правда за граѓаните.
Форумот е платформа за соработка и размена на искуства меѓу уставните судови на Албанија, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Косово и Турција. Институции од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Грција учествуваат како набљудувачи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.