Партијата прашува врз основа на каква стручна процена е утврдена една година искуство и дали пред предлагањето била оценета можната последица врз квалитетот на институционалната контрола.
ДОМ предупредува дека забрзувањето на административните постапки не треба да ги намали стандардите за стручност и контрола. Според партијата, поедноставувањето е оправдано само ако не ги доведува во прашање безбедноста, јавниот интерес и заштитата на животната средина.
ДОМ посочува дека градбите од прва категорија опфаќаат инфраструктурно сложени и потенцијално високо влијателни објекти. Меѓу нив се дата-центрите, со значителни потреби од електрична енергија и вода.
ДОМ наведува дека законските измени од јуни ги класифицирале дата-центрите како градби од прва категорија и ја префрлиле надлежноста за нивно одобрување на централно ниво. Со измените биле скратени и роковите за урбанистичко планирање: јавната презентација е ограничена на најмногу 10 дена, а јавниот повик може да биде објавен само пет дена пред нејзиното одржување.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.