Триесет и седумгодишниот Ринер е повеќекратен олимписки шампион и 11-кратен светски шампион. Во интервју за весникот Ле Паризиен рече дека не се позиционира ниту на десницата ниту на левицата и дека сака да биде претседател што ги обединува луѓето.
Ринер рече дека е свесен за социјалните тензии во Франција и дека не може да прифати младите и постарите генерации да велат оти тешко замислуваат иднина за себе. Тој смета дека земјата е длабоко поделена и дека недостига визија што би ги обединила луѓето.
Во септември Ринер рече дека сака да ја заврши кариерата со четврто индивидуално олимписко злато на Игрите во Лос Анџелес во 2028 година. Тој рече дека настапот тогаш би бил можен само ако претседателските должности му дозволат и ако францускиот народ му даде поддршка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.