Настанот што го означи почетокот се одржа во „Europe House“ во Скопје, во организација на Регионалната канцеларија на „RYCO“. Програмата има цел да поттикне регионална соработка, размена на искуства и поврзување на младите од Западен Балкан.
Наставниците и директорите од десетте училишта ќе работат на реализација на проектните идеи преку меѓуучилишна соработка и размена.
Министерот Ѓоко Велковски посочи дека низ четирите отворени повици на програмата се планирани 330 размени, со кои би биле опфатени приближно 3.960 млади луѓе. Тоа се вкупни плански бројки за четирите повици, а не резултат само на новиот циклус.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.