Осомничените, на возраст од 20 до 26 години, биле уапсени во неделата навечер на аеродромот О. Р. Тамбо и во хотел во Брума, источно од Јоханесбург. Во операцијата учествувале повеќе служби, меѓу нив и Интерпол.
Јужноафриканските власти ги обвинуваат за прекршување на законите што забрануваат платеничка активност без владина дозвола. Групата била затекната додека се подготвувала да се качи на летови надвор од земјата, но не е познато која им била крајната дестинација.
Властите не ги откриле националностите на уапсените, но потврдиле дека никој од нив не живеел во Јужноафриканската Република. Не се дадени детали ниту за организациите што наводно им помагале да патуваат. Полицијата оценила дека учеството на Интерпол и други меѓународни служби укажува оти осомничените можеби ги прекршиле и законите на своите земји.
Според процена на украинското разузнавање од претходно годинава, повеќе од 1.700 луѓе од 36 африкански земји биле регрутирани да се борат за Русија. Украина, исто така, регрутира странски државјани, меѓу нив и луѓе од Африка.
Уапсените се очекува да се појават пред суд подоцна во понеделник или во вторник.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.