390 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Свечена седница во Неготино го заокружи чествувањето на 8 Ноември

Извор на фотографијата: Општина Неготино
Извор на фотографијата: Општина Неготино

Свечена седница на Советот на Општина Неготино го заокружи тридневното чествување на 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот. На седницата беа доделени признанија и награда, а мини-концерт одржаа Пламенка Трајковска и гудачки квартет.

Седницата ја отвори претседателката на Советот, Лилјана Арсова Митрова, која зборуваше за значењето на празникот и функционирањето на Советот.

Градоначалничката Марија Нацева ги информираше присутните за проектите реализирани во изминатите 365 дена и ја претстави својата визија за развој на општината. Беше прикажан и 15-минутен аудиовизуелен материјал за реализираните проекти меѓу двата празника.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.