361 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Претставници на Нотарската комора учествуваа на правничката конференција во Кавадарци

Извор на фотографијата: Нотарска комора на Р.С.М.
Извор на фотографијата: Нотарска комора на Р.С.М.

Претставници на Нотарската комора учествуваа на меѓународната научна конференција „Тиквешки правнички денови – 2026“, одржана од 6 до 8 ноември во Кавадарци.

На свеченото отворање на 7 ноември, поздравно обраќање имаше претседателката на Комората, нотарката Цеца Малева Стоев.

Нотарката Оливера Пешиќ, членка на Стручниот совет на Комората, беше панелистка на дискусијата за враќање на довербата на граѓаните во правото и правниот систем. Панелот отвори простор за размена на гледишта меѓу претставници на судството, нотаријатот и академската заедница.

Малева Стоев беше панелистка и на третиот панел, посветен на соработката меѓу правните професии, попредвидливата примена на правото и правната сигурност за странките. Панелот го модерираше Ангел Ристов, член на Стручниот совет на Комората.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.