Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Македонија до 19 години домаќин на квалификациите за ЕП 2027, повикани 21 фудбалер

Извор на фотографијата: Фудбалска Федерација на Македонија
Извор на фотографијата: Фудбалска Федерација на Македонија
  • Сите натпревари се играат во Турново и Струмица со почеток во 13 часот.
  • Македонија ја отвора групната фаза на 11 ноември против Северна Ирска.

Македонската репрезентација до 19 години од 9 до 17 ноември е домаќин на вториот квалификациски круг за Европското првенство во 2027 година. Селекторот Димитар Капинковски повика 21 фудбалер.

Македонија ќе игра против Северна Ирска, Словенија и Малта. Натпреварите ќе се одржат во Турново и Струмица, со почеток во 13 часот.

Првиот меч е на 11 ноември против Северна Ирска, на стадионот „Кукуш“ во Турново. На 14 ноември следува дуелот со Словенија, а групната фаза завршува со натпреварот против Малта на 17 ноември.

Во списокот се голманите Александар Трајковски, Павел Грбевски и Бесјан Алију. Во одбраната се Албан Рочи, Христијан Маркоски, Матео Кесик, Мухамед Мустафи, Филип Цветковски и Анес Абдурахмани.

За средниот ред се повикани Габриел Талески, Бојан Велков, Иван Танчев, Лорен Жаку, Александар Грашевски и Лавдрим Касами. Во нападот се Мухамед Куртиши, Јован Мрмачовски, Јаков Стојковски, Јордан Дамевски, Дитмир Хоџа и Антиан Емини.

Целта на селекцијата е да го освои првото место во групата и да се пласира во Лига А за третиот квалификациски круг. Со тоа би останала во трка за настап на завршниот турнир на Европското првенство во 2027 година.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.