Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Брунен изминатиот викенд основан бизнис-клуб за поврзување со Западна Европа

Фотографија од настанот · Стопанска комора на Македонија
Фотографија од настанот · Стопанска комора на Македонија

Во Брунен, Швајцарија, изминатиот викенд е основан бизнис-клуб со поддршка на Стопанската комора на Македонија и Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина. Клубот е замислен како платформа за поврзување на регионалните бизнисмени со деловни кругови во Западна Европа.

На основачкото собрание присуствуваа повеќе од 100 делегати од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Швајцарија и Европската Унија.

Бранко Азески, вршител на должноста претседател на Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан, ја истакна важноста на соработката меѓу малите и отворени економии. Тој оцени дека ваквите иницијативи можат да помогнат во заеднички настап на нови пазари и во поинтензивна трговска размена со Западна Европа.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.