Гарсија, претставник од Калифорнија, рече дека истрагите ќе се фокусираат на улогата на Маск во отпуштањето федерални работници од Одделот за ефикасност на владата и на улогата на Милер во имиграциската политика на Доналд Трамп.
Гарсија рече дека има голем интерес Маск да разговара со членовите на одборите. Тој пренесе дека законодавците задолжени за надзор сметаат оти Милер бил во центарот на дејствија што биле неуставни и неправедни, а веројатно и незаконски. Милер го нарече архитект на, како што оцени, ужасната и неправедна имиграциска политика.
Гарсија рече дека треба да се очекува Доналд Трамп Помладиот и Џаред Кушнер, зет на претседателот, да одговараат на прашања пред одбор. Тој најави агресивен истражен пристап и покрај притисокот од претседателот Доналд Трамп врз Министерството за правда.
Гарсија го обвини државниот обвинител Тод Бланш дека им се заканува на законодавците со истраги за да ги спречи во надзорот. Тој рече дека Бланш сака да го заштити Трамп, неговиот кабинет и функционерите на администрацијата.
Според Гарсија, одборот веќе ги испитува наводите на поранешен висок советник за здравство и социјални услуги дека заминувачката шефица на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, блокирала некои здравствени политики за да ги заштити корпоративните интереси. Гарсија рече дека можното влијание на политичките донации е сериозно прашање и треба да се истражи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.