363 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Најмалку седум загинати и над 100 повредени во судир на возови во Египет

Извор на фотографијата: DW

Во судир на два воза во египетската провинција Гиза загинаа најмалку седум лица, а над 100 беа повредени, соопштија египетските власти, цитирани од ДВ. Едниот воз удрил во задниот дел на другиот, а потоа еден од возовите излетал од шините и неколку вагони се превртеле.

Судирот се случил на железничката линија меѓу Каиро и јужниот град Асуан. На местото биле испратени 52 амбулантни возила, а спасувачки екипи и кранови работеле на расчистување на пругата и обновување на сообраќајот во областа Ал-Ајат, во Гиза.

Причината за несреќата не била веднаш јасна. Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси изјавил дека наредил истрага и повикал државните агенции да ги повикаат на одговорност сите за кои ќе се утврди дека биле несовесни.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.