Организацијата побарала итна проверка, вклучително и внатрешна контрола и инспекциски надзор, како и утврдување на евентуални пропусти и одговорност. Побарала и повторна процена на познатите случаи со висок ризик во кои се загрозени деца, со непосредна и координирана заштита.
Барањата се испратени до МВР, Центарот за социјална работа во Гевгелија, Министерството за социјална политика, демографија и млади, ОЈО Гевгелија, Основниот суд во Гевгелија, Народниот правобранител, Министерството за образование и наука и Општина Богданци.
Меѓаши побарале и достапна стручна помош и редовна работа со децата и родителите за спречување насилство, вклучително и родово базирано насилство, булинг и онлајн закани. Во пошироката превенција побарале и дополнителни активности за градење доверба и соработка меѓу ученици од различни етнички заедници.
Меѓаши наведуваат дека ОЈО Гевгелија веднаш реагирало на нивното барање, а од другите институции очекуваат одговор. Организацијата најавила дека ќе го следи постапувањето и јавно ќе информира за добиените одговори и преземените мерки.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.