Во објавата од 30 септември, партијата се осврна на референдумот одржан на истиот датум во 2018 година и го оцени како голема референдумска победа и порака од граѓаните против договорот.
Единствена Македонија потсети дека го предводела Националниот блок „Македонија-Бојкотира“, кој водел кампања за бојкот. Според партијата, во блокот биле обединети таа и 83 македонски здруженија од земјата и странство. Наспроти тоа, тогашната влада предводена од Зоран Заев ја водела кампањата со слоганот „Излези за Европска Македонија“.
Партијата оцени дека резултатот од бојкотот бил порака оти македонскиот народ и поголем дел од државјаните не сакале промена на, како што го нарекува, „светото македонско име“. Таа истовремено тврди дека тогашната власт ја „погазила референдумската волја“ со спроведувањето на промената на уставното име.
Единствена Македонија го повтори својот став дека Преспанскиот договор е „капитулантски и штетен за Македонија и Македонците“. Партијата дополнително тврди дека договорот е ништовен од меѓународно-правен аспект, повикувајќи се на три правни основи од Виенската конвенција за правото на договорите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.