Во втората минута од натпреварот Струга ТЛ–Шкендија, судијата досудил пенал за Шкендија поради наводен контакт меѓу напаѓачот и противничкиот одбранбен играч. По ВАР-прегледот утврдил дека немало контакт што би претставувал прекршок и го поништил пеналот. Во 89. минута повторно досудил пенал за Шкендија, но ја сменил одлуката по прегледот на снимката. Според ФФМ, топката директно се одбила од главата на играчот на Струга во неговата рака, без дополнителни елементи за прекршок.
За натпреварот Силекс–Вардар, ФФМ оцени дека голот на Силекс во 28. минута бил оправдано поништен поради офсајд на играчот што му ја додал топката на стрелецот. Федерацијата оцени и дека во 47. минута голот на Вардар бил регуларен, бидејќи асистентот и стрелецот биле во дозволена позиција. Во 87. минута бил поништен уште еден гол на Силекс поради офсајд на стрелецот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.