Ставовите ги изнесе на панел-дискусија во Крива Паланка, во рамки на средбите на ЗНАМ со граѓаните за отчет за работата во изминатите две години. Димитриевски рече дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и дека е потребна поактивна улога на Унијата во надминувањето на отворените прашања и спречувањето нови билатерални блокади и условувања.
Димитриевски тврдеше дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година ги нотира законските и институционалните промени за кои ЗНАМ презело одговорност. Како примери за правосудството ги наведе законите за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка.
За јавната администрација, Димитриевски рече дека Извештајот нотира умерен напредок, зајакнати капацитети за координација и следење на управувањето со човечките ресурси, нови системски закони и воспоставување Академија за јавна администрација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.