Меѓу пријавените случаи, жена во Прилеп пријавила дека подолг период била следена и вознемирувана од поранешниот партнер. Во Струмица, 65-годишен маж пријавил агресивно однесување од својот 33-годишен син, кој бил спроведен во медицинска установа за лекување. Во Охрид, жена пријавила телефонски навреди и закани од сопругот.
Во струмичко село бил лишен од слобода 38-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал сопругата, а потоа неа и нивните малолетни деца ги истерал од домот. Мажи биле лишени од слобода и во Велес, Злетово, Гостивар и на подрачјето на Чаир во Скопје, по пријави за насилство.
Во Ѓорче Петров во Скопје, 19-годишник пријавил напад, закани и оштетување на влезната врата и неговото возило од поранешната 17-годишна партнерка. Во Центар, 19-годишна жена пријавила дека татко ѝ упатувал закани кон неа и мајка ѝ. Сите наводи се пријави, а не утврдени факти.
По пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци. Жртва на семејно насилство или лице со сознанија дека друг е изложен на насилство може да пријави во најблиската полициска станица или на 112 и 192.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.