Меѓу промените што ги посочува се законите за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, законите за платите на судиите и јавните обвинители, како и новиот Закон за парничната постапка.
Шасивари наведува дека извештајот оценува оти новиот Закон за Судскиот совет во голема мера ги адресира препораките на Венецијанската комисија. Во извештајот, според него, се препознава и напредок во подготовката на Патоказот за владеење на правото, како и општа усогласеност на законската рамка за основните права со европските стандарди.
Министерот оценува дека законите треба доследно да се применуваат за да донесат промени во функционирањето на институциите. Тој додава дека позитивните оценки го охрабруваат, додека препораките и забелешките го обврзуваат да работи повеќе.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.