На средбата учествуваа раководители на секторите за внатрешни работи во Охрид, Тетово и Битола, регионалните центри за гранични работи Југ и Запад, како и раководители на униформираната полиција, командири на полициски станици и раководители на полициски одделенија.
Беа разгледани актуелните безбедносни состојби, оперативните приоритети и насоките за унапредување на полициското работење. Меѓу темите беа засилено полициско присуство на терен, поактивна превенција и јакнење на партнерството со граѓаните и локалната заедница.
На средбата беа претставени и дигитални алатки. Според објавата на МВР, платформата е наменета за полициското работење, а нејзината работна верзија се опишува како чекор кон поефикасна размена на информации, подобра координација и управување со полициските ресурси.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.