362 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Маж од Гостивар лишен од слобода по пријава за принудување на мајка му да питачи

Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи

Н.Н. (60) од Гостивар е лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава за трговија со луѓе. Според пријавата, во 2025 и 2026 година ја принудувал својата мајка на питачење.

Според пријавата, Н.Н. ја искористувал ранливоста и зависната положба на мајка му, З.С. (80), која се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности. Наводната цел била стекнување противправна имотна корист.

Според МВР, Н.Н. подолг период ја носел мајка си на локација во Гостивар, ја надгледувал и контролирал додека питачела, а потоа насилно ѝ ги одземал паричните средства и ги користел за свои потреби.

По судска наредба, во Гостивар бил извршен претрес во домот и други простории на Н.Н., при што тој бил лишен од слобода. При претресот биле пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати и парични средства, за кои МВР наведува дека потекнуваат од кривичното дело.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.