На прес-конференција во Собранието, Филипче рече дека партијата, според него, била речиси погребана и на издишување. Тој наведе дека во изминатите две години работеле на нејзино консолидирање и ги критикуваше членовите што, како што рече, кажуваат како треба да се работи во време кога СДСМ ги изнесува „најголемите скандали на власта“.
Филипче рече дека оние што сакаат да помогнат ќе бидат ставени во распоредот за изборите во Брвеница. На другите им порача да му се тргнат од патот, додавајќи „ќе ги изгазам како шлепер жаба“ и дека сака да ги потсети на нешто од нивното време.
За својата работа во партијата рече дека ја врши професионално, посветено и сериозно, како што работел и на Клиниката за неврохирургија и во Министерството за здравство. Филипче изрази уверување дека ќе победи политиката што ја застапува, бидејќи, според него, е на исправната страна.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.