На настанот беа сумирани предлозите и идеите на граѓаните што учествувале на претходните форуми. Дискусиите опфатиле економија, инфраструктура, образование, социјална заштита, животна средина, култура и спорт.
Во форумите учествувале претставници на јавни претпријатија и установи, здруженија и невладини организации, бизнис-компании, членови на Советот на Општина Куманово и заинтересирани граѓани.
Форумите биле дел од проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од владите на Швајцарија и Шведска, а спроведуван од Националниот демократски институт. Тие биле организирани во рамки на подготовката на буџетот за 2027 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.