Според претпријатието, во 2026 година месечната реализација надминува 2 отсто, а изведувачот ангажирал повеќе од 650 лица. По активности за решавање на дел од техничките и проектантските прашања, забележано е зголемување на обемот и динамиката на градежните работи.
Ревизорските наоди се однесуваат на 2024 година и опфаќаат управување со имотот, инфраструктурни проекти, финансиско и материјално работење, како и организациски и кадровски прашања. Претпријатието наведува дека дел од состојбите се долгогодишни, а некои сè уште бараат дополнителна работа и време.
Во управувањето со имотот се интензивирани постапките за евидентирање и правно уредување. Изготвен е најголемиот дел од потребната геодетска документација, а пред надлежните институции се покренати постапки за запишување на железничките објекти и земјиштето под пругата.
Во материјалното и финансиското работење се донесени нови процедури за управување со залихите, усвоени сметководствени политики и воспоставени дополнителни механизми за контрола. Дел од залихите што потекнуваат од деведесеттите години се користат за одржување на железничката инфраструктура.
Донесен е и петгодишен план за одржување на железничката инфраструктура, кој создава основа за предвидливо планирање и организирање на работите.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.