Лукаревска тврди дека австриската агенција за финансиска регулација ФМА правосилно ја санкционирала Алта Груп во 2024 година. Според неа, КХВ морала да знае дека поради тоа ниту Алта Груп ниту Алта банка не можеле да добијат статус на квалификуван акционер.
Комисијата ја издала дозволата на 10 септември 2025 година, на својата 65. седница, со која претседавала претседателката Бујраре Абази. Со решението, Алта банка АД Белград добила дозвола да даде понуда за преземање на 100% од основната главнина на Стопанска банка АД Битола. Лукаревска ја нарече КХВ главен филтер во постапката и посочи дека гувернерот Трајко Славески се повикал токму на тоа решение во интервју за ТВ24 во декември 2025 година.
За самото гласање, Лукаревска побара КХВ да одговори дали се точни информациите дека мнозинството членови на Комисијата поднеле писмени неотповикливи оставки до Собранието, а набргу потоа истите членови, по насоки на Народната банка, гласале дека документите и постапката за влез на Алта банка биле исправни.
Лукаревска побара КХВ, Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување да ја објават документацијата за двете преземања поврзани со Алта банка и Алт осигурување. Таа побара да се објават мислењата и согласностите, како и хронологијата со точни датуми и имиња на сите што учествувале во одлучувањето.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.