Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција рече дека Мицкоски од владината говорница му наредува на обвинителството кого да гони и за кое дело, а упатува и закани кон СДСМ. Ова се нејзини обвинувања.
Поповиќ се повика на членот 368-а од Кривичниот законик и рече дека ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, со цел тоа да постапи спротивно на должностите и овластувањата или да биде спречено да ги врши тие дејствија. Таа побара обвинителството да ја истражи Алта банка независно и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.