Најважно
173 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Муцунски и Анита Орбан: Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан треба да продолжи и да го задржи кредибилитетот

Фотографија објавена на јавниот профил на Тимчо Муцунски
Фотографија објавена на јавниот профил на Тимчо Муцунски

Тимчо Муцунски и Анита Орбан денеска во Атина се заложија за континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан. Тоа беше прва средба на македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија со Орбан по нејзиното назначување за министерка за надворешни работи на Унгарија.

Двајцата министри во проширувањето на ЕУ гледаат важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на Западниот Балкан. Муцунски ја поздрави унгарската поддршка за европската интеграција на регионот, оценувајќи ја како силна и постојана.

На средбата, која се одржа на маргините на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, Муцунски и Орбан разговараа и за актуелните регионални и безбедносни предизвици. Се заложија за мир, стабилност и посилна соработка во регионот.

Муцунски и Орбан изразија задоволство од развојот на односите меѓу Македонија и Унгарија. Како одлична ја оценија и билатералната соработка и соработката во регионалните и мултилатералните формати. Двајцата ја потврдија намерата да ги продлабочат односите во областите од заеднички интерес.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.