Утре ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност на места. Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени, а дневните од 6 до 12 степени. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во среда утрото ќе биде ведро и постудено, со температури од -8 до -2 степени. Пред дождот, преку денот ќе биде променливо облачно, со максимални температури од 8 до 12 степени и слаб до умерен југоисточен ветер. За утре и за среда нема метеоролошко предупредување.
Во четврток ќе биде облачно со повремен дожд. Утринските температури ќе бидат над нулата, од 2 до 6 степени, а дневните ќе достигнат од 6 до 10 степени. Ќе дува умерен јужен ветер, кој на места повремено ќе засилува.
Во петок ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во јужните и источните делови, каде што ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Температурите ќе се движат од 4 до 8 степени наутро и од 8 до 13 степени преку денот. Ветерот ќе биде слаб и со променлив правец, а попладне и кон крајот на денот на места долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.