За своите искуства и знаења зборуваа Горица Атанасова-Ѓоревска, Маја Киселоска, Александра Младенова, Маргот Волмутер, Емилија Николовска, Дијана Заовска, Маја Тренески и Лејди Ди. На прашањето како се развива чувството на припадност му се посвети психологот Лидија Јованов. Во својата презентација таа ја објасни припадноста како процес и ги охрабри жените да ја препознаат вредноста на заедништвото.
Меѓу гостинките имаше жени од Виена, Грац и Салцбург, како и од Скопје и од Словачка. Тие разменија искуства и идеи, а во разговорите се отворија можности за соработка на заеднички проекти и идни настани.
КУД „Македонка“ ја отвори трибината со традиционален настап на „Македонско девојче“. За оваа пригода „Powerdance“ подготви кореографија на „I'm Every Woman“, песна што организаторите ја опишаа како химна на женската самодоверба и заедништво.
Трибината ја поддржаа Зимер Ислами Фера и Синиша Иванковиќ од македонската амбасада во Виена, на кои здружението им се заблагодари и за гостопримството. Поддршка на „MS KreaHub“ му даде и Хилда Колевска, а во подготовките помогнаа и семејствата на организаторите.
За водењето на трибината, техничката поддршка, фотографирањето, репортажата, послужувањето и пречекот на гостите се погрижи организацискиот тим. Во него беа Младен Тодоровски, Роберт Јованов, Маро Бора, Марина Маримар, Александар Алекс Тренески, Марија Мицкоска, Оливера Домазетовски и Даниела Бојческа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.