Коментарот се појавил на 19 ноември под објава на фејсбук-страницата „Pretres.mk“ за емисијата „Претрес со Ландов“. Ландов го сфатил како закана за својата физичка безбедност и како обид да го заплашат поради неговата новинарска работа.
Веднаш по пријавата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика почнал да обезбедува докази за да утврди кој го напишал коментарот. Откако го идентификувала И.М., полицијата, во координација со СВР Охрид, го повикала на информативен разговор преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кичево.
МВР го известило Основното јавно обвинителство Скопје за случајот. Полицијата собира дополнителни електронски докази, а потоа ќе достави поднесок до надлежното обвинителство.
Секторот им дава приоритет на пријавите за закани и заплашување на новинари и медиумски работници. МВР како причини ги наведува нивната безбедност на интернет, слободата на изразување и независноста на новинарската работа.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.