Настанот го организира „IWconnect“ во „Шишам бар“ во Прилеп, од 17 до 19 часот. Преку презентации и практични примери, присутните ќе можат да се запознаат со решенија засновани на вештачка интелигенција и да слушнат различни искуства и гледишта за нивната примена.
Покрај влијанието врз образованието, тема ќе биде и примената на вештачката интелигенција во економијата и бизнисот. Ќе се разговара за можностите што ги отвора во финансиите, претприемништвото и управувањето, но и за предизвиците што ги носи нејзината сѐ поширока употреба.
Факултетот ги охрабрува студентите да ја искористат средбата за нови знаења, идеи и контакти, а професорите да ги поттикнат и поддржат да учествуваат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.