Најважно
370 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Куманово се одржа трибина за предизвиците и инклузијата на лицата со попреченост

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово

Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска се одржа трибина за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства. Организатор беше здружението „Порака наша“, во соработка со Општина Куманово.

Целта на трибината беше да поттикне дијалог за достапноста на социјалните услуги, можностите за независно живеење и унапредувањето на инклузијата во локалната заедница.

На трибината учествуваа министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, Оливера Станковиќ од Заводот за социјални дејности, професорот Владимир Илиевски и политикологот Марија Стоилковска.

Настанот беше дел од активностите за одбележување 20 години од постоењето и работата на здружението. Трибината е реализирана согласно јавниот повик на Општина Куманово за финансиска поддршка на превентивни мерки и активности во социјалната и детската заштита.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.