Паркот зафаќа околу 1.000 квадратни метри. Покрај реквизитите за игра, има клупи за одмор и корпи за отпадоци, а целиот простор е осветлен.
Во садењето во Дељадровци учествуваа вработени од Општина Илинден, ЈКП Илинден и ТАВ Македонија. Им се придружија градоначалникот Александар Георгиевски и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт. Општината и компанијата со години соработуваат на озеленувањето.
Меѓу волонтерите имаше и вработени од скопскиот аеродром. Курт им се заблагодари ним и на општината за поддршката на иницијативата „Садиме денес за одржливо утре“. Тој рече дека грижата за животната средина е долгорочна определба на компанијата и дека очекува заедничките акции да имаат вредност и во иднина.
Георгиевски им се заблагодари на компаниите што донираа садници. Според него, заштитата на природата е заедничка обврска, а соработката меѓу општината, компаниите и жителите е важна за подобри услови за живот. Целта на традиционалната акција е да се уредат и озеленат јавните површини и да се подигне свеста за заштитата на природата.
Во следниот период во садењето ќе се вклучат и граѓани и ученици, заедно со компаниите, јавните претпријатија и општинската администрација. Ќе се садат садници покрај пешачко-велосипедските патеки, улиците и локалните патишта, како и кај училиштата, детската градинка и спортските терени. Планот опфаќа и делови од Мршевци зафатени од летните пожари.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.