Најважно
369 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Битола со полагање цвеќе беше одбележан Денот на ослободувањето

Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Битола
Фотографија објавена на јавниот профил на Општина Битола

Во Битола на 4 ноември беше одбележан Денот на ослободувањето на градот со полагање цвеќе пред три спомен-обележја.

Цвеќе беше положено пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за култура, Споменикот на народниот херој Стив Наумов и на Партизанските гробишта.

Почит оддадоа градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, заменик-градоначалничката Марина Крстиќ, советници, Сојузот на борци и претставници на збратимени градови, политички партии и граѓански здруженија. Присуствуваа и претставници од Демре, во регионот Анталија, Турција, со кои започнува пријателска соработка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.