Според ВМРО-ДПМНЕ, комисијата ги избрала Ана Петковска Николовска за достигнувања во воспитувањето и образованието, и Марин Поповски за достигнувања во спортот, но градоначалникот не им доделил награди. Партијата наведува дека Тасевски добил награда со четири гласа, помалку од потребните најмалку пет.
ВМРО-ДПМНЕ тврди и дека на социјалните мрежи наградите биле преименувани во „50 години Општина Центар“, наместо „Феникс“. Според партијата, името на Тасевски не било наведено во предлог-одлуката, која допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар. Таа тврди и дека одлуката за доделување не била одобрена од Советот.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.