Најважно
342 вести · 24 ч.
Берово 7°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

ВИДЕО: „Комфор зона за жени“ нуди бесплатна помош при семејно или родово базирано насилство

Гледај на YouTube

Жените што се соочуваат со семејно или родово базирано насилство можат да побараат бесплатна психолошка, социјална и правна поддршка во советувалиштето „Комфор зона за жени“.

Во советувалиштето жените можат да разговараат за она што ги загрижува, да бидат сослушани и да добијат информации и помош за следните чекори.

По повод 16-те дена активизам против насилството врз жените, Хуманитарното здружение „Мајка“ изработи видео со финансиска поддршка од Општина Куманово. Со него здружението укажува колку е важно жените да го препознаат насилството и да знаат дека не се сами и дека им се достапни услуги за поддршка и заштита. Пораката е дека насилството не треба да се премолчува и дека секоја жена, без оглед на околностите, има право на сигурност, достоинство и живот без насилство.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.