Најважно
373 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Учесници на форум во Тетово побараа појаснувања за еколошките приоритети и буџетот

Фотографија објавена на јавниот профил на Здружение за граѓански развој За Тетово
Фотографија објавена на јавниот профил на Здружение за граѓански развој За Тетово
  • Тие изразија интерес да слушнат објаснувања и директно од општинските претставници.
  • Координаторот на проектот Флорент Бајрами ги претстави наодите од следењето на еколошките мерки на Општината.
  • Претставниците на Општина Тетово беа поканети, но не беа во можност да присуствуваат.

Како се одредуваат еколошките приоритети на Општина Тетово и како се планираат парите за нив беа прашањата што ги отворија учесниците на јавниот форум Зелено Тетово, одржан на 17 ноември во „Europe House Tetovo“. Тие изразија интерес да слушнат објаснувања и директно од општинските претставници.

Координаторот на проектот Флорент Бајрами ги претстави наодите од следењето на еколошките мерки на Општината. Посебно внимание беше посветено на субвенционирањето инвертер-клими, планирањето на буџетот и транспарентноста при спроведувањето на општинските мерки. Во отворената дискусија учесниците поставуваа прашања и разменуваа мислења за приоритетите и средствата наменети за животната средина.

Претставниците на Општина Тетово беа поканети, но не беа во можност да присуствуваат. Здружението „За Тетово“, организатор на форумот, најави дека поставените прашања ќе ги вклучи во натамошната комуникација со општинските институции, со цел да поттикне дијалог и подобро информирање на граѓаните.

За загадувањето на воздухот во тетовскиот регион, професорот Менан Селими претстави проект за мерење на честичките „PM10“ и „PM2.5“. Преку визуелно прикажување на податоците и резултатите од мерењата, тој покажа како научните информации може да им се приближат на граѓаните на поразбирлив начин.

На форумот присуствуваа околу 30 претставници на граѓански организации, активни граѓани и претставници на медиумите. Настанот беше посветен на заштитата на животната средина, транспарентноста и активното учество на граѓаните во создавањето локални политики.

Здружението за граѓански развој „За Тетово“ го организираше форумот во просторот обезбеден од „Europe House Tetovo“, како дел од Програмата за поддршка на изборите, проект на Швајцарија што го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.