Најважно
370 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Учениците од „Ристо Крле“ во Кадино настапија со пораки за мир и детско пријателство

Извор на фотографијата: Општина Илинден
Извор на фотографијата: Општина Илинден
  • Ученичката програма донесе пораки за мир, меѓусебно почитување и поврзување на народите.
  • Покрај видеопрезентациите, учениците настапија со музички, ритмички и драмски изведби.
  • Со прославата беа одбележани и 47 години од постоењето на училиштето „Ристо Крле“.

Пријателството меѓу децата од различни земји беше тема на видеопрезентациите со кои учениците од ООУ „Ристо Крле“ во Кадино го одбележаа патрониот празник. Ученичката програма донесе пораки за мир, меѓусебно почитување и поврзување на народите.

Покрај видеопрезентациите, учениците настапија со музички, ритмички и драмски изведби. Училиштето го одбележа празникот заедно со подрачните училишта во Мралино и Бунарџик, под мотото „Мостовите градат пријателство со порака за мир во светот“.

Со прославата беа одбележани и 47 години од постоењето на училиштето „Ристо Крле“.

По повод празникот, делегација предводена од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со директорот на училиштето Јовче Петковски, положи свежо цвеќе пред бистата на патронот.

Општина Илинден ја потврди својата определба за поддршка на образованието и создавање услови за квалитетен воспитно-образовен процес, со цел младите да растат во духот на знаењето, пријателството, меѓусебното почитување и заедништвото.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.