Писателите им раскажуваа на учениците за својот животен пат и за трудот вложен во секоја отпечатена книга. Зборуваа и за местата каде што се повлекуваат додека творат, за мотивите за пишување и за секојдневната инспирација.
Со учениците се дружеа Наташа Брезовска-Богоевска, Билјана Црвенковска, Винка Саздова, Филип Димкоски, Лили Арсова, Јадранка Клисарова, Снежана Петрова-Џамбазова и Десанка Николова.
Во разговорот се вклучија и менторите на учениците. Учесниците ја нагласија важноста на читањето за развивање емпатија и критичко размислување кај младите, како и за поттикнување на нивната креативност.
По литературната средба, учениците ја посетија родната куќа на Кочо Рацин. Таму се запознаа со неговиот живот и дело и ја разгледаа специфичната велешка архитектура на домот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.