Лекарите зборуваа за уролошките заболувања и за превентивните прегледи, споделувајќи искуства од својата работа. Целта на трибината беше да се отвори разговор за здравствени прашања кои често се занемаруваат и да се охрабрат мажите да се грижат за своето здравје и редовно да одат на преглед.
Трибината се одржа во просториите на поранешниот Комитет по повод месецот посветен на машкото здравје. Ја организираше Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово. Присуствуваа претставници на општинската администрација, општинските училишта, јавните претпријатија и здруженија.
Присутните добија шолји што ги изработија корисниците на „Порака наша“, центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18 години. Со изборот на подароците организаторот ги поддржа нивната креативна работа и нивното учество во активностите на заедницата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.