Според Општина Штип, новиот дефект настанал по повторното воспоставување на водоснабдувањето, поради зголемениот притисок и староста на главната водоводна линија, која е постара од 50 години. На неа екипите на ЈП „Исар“ претходно работеле 40 часа.
Од 12:00 до 16:00 часот, техничка и флаширана вода ќе има во Три Чешми кај продавницата, во Пребег на паркингот пред зградите над хотел „Изгрев“ и кај Домот на млади.
Во истиот термин, од 12:00 до 16:00 часот, возило на ЈП „Исар“ ќе врши обиколка во Долна и Горна Железничка.
Од 16:00 до 20:00 часот, цистерни и возила на претпријатието ќе бидат во населбите Сењак, 8 Ноември, Исар и Ново Село.
Општината најави и достава на флаширана вода за пиење до засегнатите домаќинства преку волонтери, со поддршка и координација на Црвениот крст. Во справувањето со состојбата ќе се вклучат јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица и расположливата механизација.
Општина Штип очекува санацијата да заврши во текот на ноќта, по што водоснабдувањето постепено ќе се стабилизира. Екипите на ЈП „Исар“ ќе работат на отстранување на дефектот со дополнителна поддршка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.