368 вести · 24 ч.
Битола 11°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Се обновуваат соблекувалните и тоалетите во велешката сала „Гемиџии“

Фотографија од настанот · Општина Велес
Фотографија од настанот · Општина Велес

Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се уредуваат тоалетите и соблекувалните и се поставуваат керамички плочки, како дел од реконструкцијата на објектот што го користат спортисти и рекреативци.

Старата и дотрајана дограма веќе е заменета со нови ПВЦ врати и прозорци. Средствата за реконструкцијата се обезбедени од Општина Велес и Министерството за спорт.

Општината очекува со инвестицијата да се реши долгогодишен проблем и да се обезбедат подобри услови за спортистите и рекреативците, како и за одржување спортски настани и натпревари.

Увид во градежните работи денеска извршија градоначалникот Марко Колев, претседателот на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, и пратеникот Игор Здравковски.

Пратеникот Игор Здравковски изрази надеж дека, откако ќе се создадат услови, приватниот сектор ќе обезбеди поголема поддршка за велешките спортски клубови преку директни спонзорства.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.