Преку разговор и практично запознавање со стоматолошките инструменти, децата учеа зошто е важно редовно да ги мијат забите, правилно да ја одржуваат оралната хигиена и редовно да посетуваат стоматолог. Посетата ја носеше темата „Здрава насмевка“.
Целта беше да се поттикнат здрави навики уште од најрана возраст и преку непосредно искуство децата да развиваат позитивен однос кон посетата на стоматолог. Од градинката ја опишаа средбата како исполнета со интересни прашања, нови сознанија и позитивни доживувања, а на родителот му се заблагодарија за времето и споделеното професионално знаење.
Во посетата учествуваше воспитната група на возраст од пет до шест години. Воспитувачка на групата е Кети Голубовска, а негувателка е Лили Величковска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.