Најважно
370 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Реконструираниот објект „Ѕвездички“ во Драчево ќе згрижува 40 деца

Извор на фотографијата: Министерство за социјална политика, демографија и млади
Извор на фотографијата: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Објектот „Ѕвездички“ во Потстаница, населбата Драчево, на 3 ноември беше пуштен во употреба како дел од ЈОУДГ „8 Март“. Има капацитет за згрижување 40 деца, со можност тој дополнително да се зголеми.

Објектот, кој претходно бил во руинирана состојба, е целосно реконструиран и адаптиран за потребите на градинката.

Реконструкцијата и пренамената се реализирани со средства од Буџетот на Општина Кисела Вода. Опремувањето го обезбедило Министерството за социјална политика, демографија и млади преку Светска банка.

Во населбата Расадник во наредниот краток период се очекува да биде отворена нова градинка, со капацитет за повеќе од 100 деца.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.