Во првиот меморандум учествуваат општината, основните и средното училиште, детската градинка и јавните установи, како и локалната организација на Црвениот крст. Соработката е насочена кон координирано дејствување во социјалната работа, социјалната политика, зелената социјална работа, детската и социјалната заштита и други области од заеднички интерес.
Една од целите е преку меѓуинституционална соработка и размена на искуства навреме да се препознаваат потребите и предизвиците на децата и младите, како и да се гради посилна мрежа за поддршка во локалната заедница.
Меморандумот со Центарот за социјална работа Пробиштип има цел да ја унапреди меѓусебната координација и заедничкото дејствување во социјалната заштита, превенцијата, поддршката, ресоцијализацијата и реинтеграцијата на децата во локалната заедница.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.