Стипендии добија Нина Малинова за одбојка, Мила Лазаревска и Мила Карталова за пливање, Никола Кљанков за велосипедизам и Алфред Муслији за тенис.
На отворањето во ООУ „11 Октомври“ беа доделени вкупно 53 спортски стипендии, чиј износ е зголемен за 50 проценти.
Меѓу добитниците на спортските стипендии се и ученици од ООУ „Димитар Миладинов“ во Центар.
Месечниот износ на стипендиите е од 3.500 до 5.000 денари, а се исплаќаат во текот на осум месеци од учебната година.
Општина Центар годинава првпат додели стипендии и за екипен спортски резултат. Поддршка доби ракометарскиот тим на ООУ „Коле Неделковски“ за освоеното трето место на меѓународен натпревар.
На отворањето се одигра и ревијален одбојкарски натпревар, во кој одбојкарките од „Киро Глигоров“ ја победија екипата на ООУ „11 Октомври“. Од училиштето го пофалија нивниот настап за борбеноста и тимскиот дух.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.