Занималните ги отворија министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Илинден Александар Ѓорѓиевски и пратеничката Драгана Бојковска. Инвестицијата ја реализирала целосно Општина Илинден.
Во градинката е уреден и опремен повеќенаменски простор за стручниот и воспитно-згрижувачкиот кадар и другите вработени, наменет за подготовка и спроведување воспитно-образовни активности и работа на проекти.
Во просториите на Општина Илинден е отворена и подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Гази Баба. Таа треба да им го олесни на жителите пристапот до услугите и поддршката од социјалната заштита, без патување до седиштето на Центарот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.