Најважно
378 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Општина Гевгелија започна постапка за проектирање нов градски плоштад

Извор на фотографијата: Општина Гевгелија
Извор на фотографијата: Општина Гевгелија

Општина Гевгелија ја започна постапката за проектирање нов градски плоштад, наменет да одговори на потребите на граѓаните и да го унапреди изгледот на централното градско подрачје. На работна средба беа разгледани првични идеи за неговиот изглед и функционалност.

На средбата учествуваа претставници на општинскиот Сектор за урбанизам, проектантското биро и стручни лица од архитектурата и урбанизмот. Изнесените мислења и предлози проектантот дополнително ќе ги разгледа како насоки за обликување на проектното решение.

Проектот предвидува прво да се заменат подземните инсталации. Плоштадот треба да има повеќе зелени површини, нова урбана опрема и современо осветлување, како и содржини за најмладите. Планирана е употреба на квалитетни и трајни материјали, меѓу кои гранит.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.