Најважно
377 вести · 24 ч.
Берово 2°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Општина Центар одбележа ден против насилството во училиштата со едукативни активности

Извор на фотографијата: Општина Центар
Извор на фотографијата: Општина Центар
  • Дел од активностите се одржаа во Младинскиот центар „Матично“ и во основните училишта во општината.
  • Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова.
  • Дел од учениците посетија театарски претстави со пораки за пријателство, прифаќање и здрави врснички односи.

Општина Центар го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата со работилници и активности за рано препознавање и спречување врсничко насилство. Дел од активностите се одржаа во Младинскиот центар „Матично“ и во основните училишта во општината.

Во текот на неделата, во Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници за родители, наставници и стручни соработници, со акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата.

Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова. Со присутните разговараше за раното препознавање на врсничкото насилство, соодветното реагирање и превенцијата, а сподели и стручни совети и практични насоки.

Во основните училишта во Центар учениците следеа предавања за врсничкото насилство во соработка со СВР Скопје, а се одржаа и работилници под мотото „СТОП за булингот“. Дел од учениците посетија театарски претстави со пораки за пријателство, прифаќање и здрави врснички односи.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.