Увидот ќе се одвива во Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на Општина Крушево, во соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Во истата просторија и во истото работно време заинтересираните ќе можат да подигнат анкетни листови, на кои во предвидениот рок ќе ги достават своите забелешки.
Паралелно ќе има електронски увид преку системот е-урбанизам, а проектот ќе биде објавен и на општинската веб-страница. Печатен примерок ќе биде истакнат во Центарот за информирање на граѓаните и во Одделението за урбанизам.
Предложената траса почнува од трафостаница на фотоволтаична централа на катастарската парцела 2416 во Крушево вон град, а завршува на спојница со постоечки кабелски вод од 10(20) киловолти. Проектниот опфат е 989 квадратни метри, со класа на намена Е1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија.
Проектот зафаќа делови од катастарските парцели 2231, 2232, 2233, 2954, 1909, 2146, 2147 и 2148. Северната граница ја сочинуваат парцелите 1930, 1924 и 1923 и делови од 1909, 2232 и 2233, а јужната – делови од 2146, 2147 и 2148 и парцелите 2151 и 2152. На исток опфатот граничи со дел од парцелата 1931, а на запад со делови од 2231, 2954 и 2153.
Пристигнатите забелешки ќе ги разгледува комисијата за урбанизам. Таа ќе состави записник со образложение за прифатените и неприфатените забелешки, кој ќе биде објавен на службената веб-страница. Прифатените забелешки ќе бидат испратени до изработувачот за да ги вгради во проектната документација.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.