Полицајци од СВР Струмица го уапсиле Р.С. на 21 ноември во близина на затворот. Кај него нашле три пакувања кокаин. Потоа ги претресле неговиот дом и службените простории што ги користел во затворот, каде што нашле уште неколку пакувања кокаин, едно пакување марихуана и дигитална вага.
Во службениот ормар на Р.С. полицајците нашле повеќе куршуми за пиштол отколку што му биле доделени за службена употреба. При претресот нашле и паричник кој, според МВР, потекнува од кражба пријавена на 21 ноември.
Р.С. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за преземените мерки бил известен јавен обвинител. СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднесе кривична пријава за три дела од Кривичниот законик: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори (член 215), неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи (член 396) и кражба (член 235). По поднесувањето на пријавата, Р.С. бил изведен пред судијата кој му го одредил притворот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.