384 вести · 24 ч.
Берово 1°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Меѓу 80 ученички творби избрани наградените за „11 Ноември“ во Куманово

Извор на фотографијата: Општина Куманово
Извор на фотографијата: Општина Куманово

Ученички поетски и прозни дела, избрани во конкуренција од 80 литературни творби, беа наградени на традиционалната манифестација „11 Ноември“ во Занаетчискиот дом во Куманово.

На конкурсот пристигнаа творби од ученици од кумановските основни и средни училишта, како и од други градови во земјава. Наградените дела ги избра стручната комисија на здружението на писателите, а на учениците им беа доделени благодарници и признанија за нивниот придонес и ангажман во книжевноста.

Од ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во Куманово, Стефанија Арсовска го доби признанието „Ноемвриско перо“, Ведран Величковски ја освои првата награда, Леа Трајковска втората, а Миа Јовановска третата награда. Учениците работеа под менторство на професорите по македонски јазик и литература Гоце Трајковски и Сандра Стојковска.

Наградените ученици настапија пред публиката со своите литературни творби, под водство на нивните ментори. Свеченоста беше придружена со културно-уметничка програма.

Манифестацијата ја организираше Здружението на друштво на писатели Куманово, со поддршка од Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општина Куманово.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.